Денеска (четврток, 14 август 2014 година) од 20.30 часот на камената бина на плоштадот Александрија ќе се одржи концерт на кој ќе настапат КУД” Анка Ошпух” од Лудбрег, Хрватска и КУД,,Мирче Ацев”- Прилеп.
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето, а друштвата ќе се претстават со дел од нивниот богат репертоар на хрватски песни и ора и на македонски ора.
КУД “Анка Ошпух” работи од 1976 година, откако се собрале жените од лудбрешките фабрики и го формирале друштвото. Најпрво профункционирала фолклорната секција, па тамбурашите, пејачката група, а потоа драмската, ритмичката и женската вокална група”Пајдашици”. Низ друштвото досега поминале над 2000 граѓани од Лудбрег и околината. Денеска брои 130 членови, додека фолклорниот ансамбл го сочинуваат стандардно 20 играорци. Досега друштвото гостувало во Германија, Италија, Чешка, Унгарија, Австрија, а три пати било дел од Светскиот фолклорен феситвал во францускиот град Хаген. Гостувале и на Охридско лето. Ансамблот игра, игри од сите краеви на Хрватска, до Загорје, Подравина, Славонија, до Лика и Далмација. Друштвото има богат фонд на комплетни носии со вредни инструменти.
КУД”Мирче Ацев” КУД”Мирче Ацев” е прилепски амбасадор, кој низ годините го промовира македонскиот фолклор и традиција низ светот. Формирано е 1947 година и во текот на досегашното постоење илјадниците играорци дале преку 3500 концерти не само во Македонија, туку и во странство. Ансамблот, кој работи под раководство на Атанас Гагалески, гостувал речиси на сите континенти во светот, презентирајќи го македонскиот филклор. За одбележување се освоените први места во Ланголен – Англија, Миделкерке во Белгија, Овидео- Шпанија, во Ница- Франција, настапите во Полска, Мароко, Франција, Бугарија, Германија, Данска, Албанија, Турција, Хрватска, Србија..