Во едицијата Индра (есеи), со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, Блесок ја објави книгата есеи на Румена Бужаровска „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“.
За книгата:
Од што се состои смешното? Што е тоа хумор? Оваа студија се обидува да одгатне барем дел од оваа човечка мистерија низ преглед на теориите на хуморот и нивната апликација врз современиот американски и македонски расказ (Селинџер, О’Конор, Вонегат, Бартелми, Михајловски, Андоновски, Лафазановски, Османли…)
За авторката:
Румена Бужаровска е родена во 1981 година во Скопје. Работи како доцент на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Се занимава со книжевен превод и е автор на две збирки раскази, Чкртки (Или-или, 2007) и Осмица (Блесок, 2010).
Румена Бужаровска е уредничка на Блесок Проза.