Концерт на Каролина во Македонска Каменица

По многубројните културни настани кои се случија во Македонска Каменица во изминатиов период од годинава, Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“ организираат спектакуларен концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, Каролина Гочева.

karolina vo kamenica

– „Годинава, Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, со огромна поддршка на општината и градоначалникот д-р Дарко Митевски, организираше низа културни настани. Наши гости беа Весна Петрушевска и Сашко Коцев со нивните стенд ап шоуа, беа прикажани многу врвни театарски претстави, организирани се неколку конкурси и сл. Ве претстојниот период ќе бидат прикажани театарските претстави „Шашардисани времиња“ на Велешкиот народен театар „Џинот“ и хит претставата „Не се клади на Енглези“ на Македонскиот народен театар. Со особена гордост и задоволство го најавуваме спектакуларниот live концерт на Каролина кој ќе се случи на 24-ти мај 2014 година, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Каролина во Македонска Каменица ќе настапи со комплетен бенд, на огромна бина, со аудио и визулени ефекти кои долго ќе се паметат. Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар ги покануваат сите фанови на Каролина да бидат дел од овој настан.“ – изјави Васко Десподовски, ВД Директор на КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

По концертот на Каролина, во Македонска Каменица ќе се оддржат уште неколку огромни културни манифестации. За 1-ви јуни 2014 е најавена „Бабина баница 2014“, која е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица и Општина Македонска Каменица и се оддржува на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. На 20-ти и 21-ви јуни ќе се оддржи БаскерФест 2014, а за почетокот на јули се најавува огромен DJ’s happening со кој ќе биде отворена најголемата културна манифестација во Источна Македонија, Каменичко Културно Лето 2014.

You May Also Like