В петок (14 септември, 2012 година) во летниот клуб Сектор 909 повторно гостува лондонскиот диџеј Cheeba, со својот несекојдневен аудио-видео диџеј сет.
DJ Cheeba е дел од популарната Ninja Tune издавачка куќа кон која се приклучи во 2010-тата година како дел од нивната Solid Steel радио емисија.
Неговиот диџејски стил опфаќа фузија од хип-хоп, фанк, драм енд бејс и дабстеп, а во 2010-та започнува со своите аудио-видео миксови каде со помош на два грамафона и Serato Video-SL додаток на звукот додава и слика и креира необично аудио-визуелно патување. Истата година го издава и својот прв аудио-видео микс ‘The Reels of Solid Steel’ каде самиот ги подготвува сите видеа за песните во миксот .
Во 2011-та го издава и својот втор аудио-видео микс ‘Revenge of The Nerd’ кој во првата недела имаше преку 60 000 симнувања. Тој станува и официјален диџеј на Serato, секогаш користејќи ја нивната најнова опрема и технологија.
Заедно со DJ Cheeba ќе настапи и диџеј Гоце [САФ]. Забавата започнува на полноќ.