Рецитал на Егзона Гервала и Пранвера Хоџа во КИЦ

Рецитал на сопранот Егзона Гервала и пијано Пранвера Хоџа вечерва во КИЦ …

salon 19 19 KIC (3)

Во Културно информативниот центар – Скопје вечер ќе се одржи рецитал на сопранот Егзона Гервала, во придружба на Пранвера Хоџа на пијано.

Егзона Гервала е родена во 1986 година во Приштина, Косово. Музичкото образование го почнала во училиштето „Пренк Јакова” во Приштина, потоа продолжила на соло пеење во Музичката академија во Тирана, Албанија, во класот на професорката Нина Мула. Студиите Гервала ги продолжила во колеџот на музиката во Вадстена, Шведска и во конзерваторијум „Петер Корнелијус” во Мајнц, Германија. Својот вокален развој Гервала го продолжила под покровителство на познат предавач и педагог за соло пеење проф. Мерита Јунику.

You May Also Like