Турнир во одбојка на песок „Скопје 2012“

Денеска (четврток, 19 јули) во 19:00 часот во организација на Град Скопје и Одбојкарска федерација на Македонија, стартува Турнирот во одбојка на песок „Скопје 2012“.

Натпреварите, што ќе се играат во рамки на Турнирот, ќе бидат реализирани на двата терена за одбојка на песок при Градска Плажа „Парк“.

Во рамки на турнирот ќе се одиграат вкупно 60 натпревари во машка и  во женска конкуренција во термините: четврток од 19 до 23 часот, петок и сабота од 09 до 12 и од 17 до 23 часот. Финалните натпревари ќе се одржат во сабота и тоа во женска конкуренција во 20:15 часот, а во машка конкуренција во 21:15 часот.На турнирот ќе учествуваат над 20 натпреварувачки  меѓународни двојки од Бугарија, Србија, Хрватска, Албанија,  Турција, Грција и Црна Гора, а за богатиот награден фонд ќе се борат и најпознатите македонски репрезентативни и клубски одбојкари и одбојкарки.

Од Буџетот на Град Скопје, за одржување на оваа спортска манифестација се одвоени 300.000 денари.

Третиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „Скопје 2012“ во машка и во женска конкуренција ќе трае до сабота (21 јули), а вечер за отворен ќе го прогласи градоначалникот Коце Трајановски, кој е и покровител на турнирот.

You May Also Like