Во Универзитетската библиотека во Битола, по деветти пат, редакцијата на Битолски весник ја додели традиционалната награда “Тоде Петрески” . Наградата му беше доделена на истакнатиот битолски новинар Димче Миновски за серијата репортажи и документарни емисии создадени во текот на минатата и оваа година за телевизија „Орбис“.

Овој период Миновски остварил околу стотина вакви емисии кои се посветени на историски настани и личности кои зад себе оставиле видни траги за Битола и пошироко.
Димче Миновски е еден од ретките новинари што ја негува формата репортажа која ја негуваше и Петрески во текот на неговиот животен и работен век.
На Миновски наградата му ја врачи директорот, главен и одговорен уредник на Битолски весник, Менде Младеновски.
Наградата го носи името на починатиот доајен на битолското и македонското новинарство Тоде Петрески и со неа досега се наградени голем број на битолски новинари. Признанизето го востановија семејството на Петрески и редакцијата на Битолски весник.