Заврши Берлинскиот филмски фестивал

„Златна мечка“ на 63. Берлински филмски фестивал ја освои романскиот филм „Позата на детето“ на Калин Петер Нецер.

Гран-прито на жирито отиде кај босанскиот „Епизода во животот на берачите на железо“, кој ја освои и наградата за најдобар актер за Назиф Муиќ.

Наградата за женска улога, и’ припадна на Паулина Гарсија за чилеанскиот филмот „Глорија“.

Наградата за најдобра режија ја доби американскиот режисер Дејвид Гордон Грин за филмот „Принц Аваланш“.

Наградата за најдобра камера му беше доделена на дебито на Емир Баигазин за филмот „Хармони лесонс“ од Казахстан, додека за најдобро сценарио беше награден филмот на затворениот ирански режисер Џафар Панахи, кој во Берлин доби силна поддршка. Станува збор за филмот „Затворена завеса“, за кој сценариото го потпишуваат заедно Панахи и Камбозија Партови.

You May Also Like