СтартАрт објавува конкурс за краток филм до 5 минути. Темата на конкурсот е „Сега е време“, со теми од: љубов, политика, образование, култура и друго.
На конкурсот може да учествува секој оној кој има камера и има желба да сними и раскаже своја приказна.
Видеата може да се постираат на www.startart.mk.
Победниците ќе бидат избрани од самите посетители на страницата на www.startart.mk. Гласањето ќе може да се остварат и преку страницата на Фејсбук.
Главната награда за победникот кој ќе добие најмногу гласа е 6.000 денари. Сите видеа ќе бидат промовирани на фестивалот на Краток аматерски македонски филм, организиран од тимот на СтартАрт.
Конкурсот има за цел да ја поттикне и промовира филмската култура во Македонија, како и да ги поттикне младите на културна интеркомуникација преку јазикот на филмската уметност.
Проектот е наречен Do Art, Прави Уметност, кој е почетен дел од големиот проект на Старт Арт – Do Art, Live Art, Start Art.
извор: press24.mk