Ремек делото на Микеланџело, „Пиета“ беше инспирација за современиот македонски уметник Велимир Жерновски да го изработи деветминутното видео „Distitled: Pieta” кое беше претставено во Културниот центар “Рекс“ во Белград.
Станува збор за последно од низата дела на Жерновски, видео кое е снимено и продуцирано во соработка со Центарот за истражување култури, политики и идентитети ИПАК од Белград. Видеото е поделено во три чина, а централната сцена покажува маж кој жали над безживотно тело.
извор: Лице в лице