Композиторката Бојана Петровиќ-Алексова наградена во Русија

Композицијата Coessentia – Crux за соло контрабас на Петровиќ заедно со останатите наградени дела од Конкурсот ќе биде изведена на свечен концерт на 7 ноември.

noti

Композиторката Бојана Петровиќ-Алексова е избрана меѓу Лауреатите на Меѓународниот конкурс за композиција „Сергеј Кусевицки“, во рамки на Вториот меѓународен музички фестивал „Планета контрабас“, кој од 31 октомври до 7 ноември оваа година се одржува во Санкт Петербург, Русија.
Фестивалот е посветен на 140-годишниот јубилеј од раѓањето на рускиот композитор, диригент и контрабасист Кусевицки.

Композицијата Coessentia – Crux за соло контрабас на Петровиќ заедно со останатите наградени дела од Конкурсот ќе биде изведена на свечен концерт на 7 ноември, во дворецот Шереметевски, каде ќе бидат врачени и наградите на авторите. За следната година пак, предвидено е делото да биде печатено и објавено во руска нотна едиција.

You May Also Like