Компилација “Best of Tose Proeski” за роденденот на Тоше

На 25 јануари, денот кога Тоше ќе наполнеше 32 години, во продажба ќе биде пуштена новата компилација „Best of Tose Proeski“.

На проектот се наоѓаат 16 добро познати композиции што ја одбележаа кариерата на македонската музичка легенда и една нова песна со наслов „Све је ово премало за крај“.Автор на музиката и на текстот на новата композиција е Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направи Никша Братош.

Дел од композициите на изданието се „Боже чувај ја од зло“, „По тебе“, „Још увјек сањам да смо заедно“, The Hardest Thing, ,,Ден за нас“, ,,Наслони главу“ и други.

Промоцијата ќе се одржи Спомен-куќата во Kрушево. Таа ќе биде отворена за претставниците на медиумите, а и за неговите обожаватели што тој ден ќе го посетат вечното живеалиште на поп-ѕвездата.

You May Also Like