„Циклус шпански филмови“ во Битола

Во соработка со Кинотека на Македонија и Амбасадата на Кралството Шпанија во Р.Македонија, НУ Центар за култура Битола организира „Циклус на шпански филмови“ кој ќе започне на денеска (петок, 26 октомври, 2012) и ќе трае до 1 ноември.

 

Проекциите на филмовите ќе бидат во малата сала на НУ Центар за култура Битола, секој ден од 20:00 часот. Влезот е бесплатен за сите посетители.

До крајот на годината во најава се и проекции на повеќе европски филмови интересни за пошироката публика во малата сала, додека во големата сала на  НУ Центар за култура Битола на репертоарот наскоро ќе биде ставен и македонскиот филм „Балканот не е мртов“на режисерот Александар Поповски, чија приказна посебно ги интригира битолчани поради ликот на легендарната Елени Каринте.

You May Also Like