Комедија, романтика и филм за готвењето во Синеплекс

Оваа кино недела на репертоарот на Милениум се најдоа комедија, романтика и и филм за страста кон готвењето, односно филмовите „така оди тоа“, “Step up all in” и „Готвач“.

 

STEP UP 5

Режисерот Роб Рејнер повторно ни докажа дека знае да сними комедии и успешно да го соедини хуморот со романтика. Тој ги натера гледачите да навиваат за Мег Рајан – Били Кристал во хит класиката од 1989, „Кога Хари ја запозна Сели“ и во 1995 година во филмот „Американски Претседател“ гледачите единствено сакаа Мајкл Даглас и Анет Бенинг да го совладаат нивниот чуден однос на политичко поле и да станат пар. Сега тој ни ја носи комедијата „Така оди тоа“ со Мајкл Даглас и Дајан Китон во главните улоги.
Постојан милион причини поради кои трговецот со недвижнини Орен Литл (Мајк Даглас) не е омилен, а нему тоа всушност многу му одговара. На своја волја тој ги отфрла сите кои ќе му се најдат на патот и единственото нешто што го сака е да продаде уште една, последна куќа и да се пензионира, како би уживал во мир и тишина. Животот на Орен наскоро нагло ќе се промени кога неговиот отуѓен син Лук (Скот Шепард) ќе побара од него привремено да се грижи за деветгодишната внука за која Орен не знаел дека постои. Тој е принуден да ја прими, но наскоро таа одговорност и ја предава на неговата сосетка Леа (Дајан Китон).
Рејнер низ смех објаснува: „Всушност непрекинато снимам еден ист филм. Жените се секогаш понапредни, поразвиени, поемоционални. Мажите трчаат по нив како идиоти, обидувајќи се да го сфатат светот, се додека не сфатат дека требаат да бидат со таа жена.“

Една од најпопуларните франшизи достигнува нова висина во најновото продолжение „Step Up All In“. Уличниот танчер од Мајами, Шон Аса (Рајан Гузман) се сели во Холивуд да го исполни својот сон за слава и богатство. Тој ќе се најде пред вистината и ќе се соочи со тешкиот свет на професионалниот танц. Неговата нова танчерска екипа е последната надеж за влез во последниот круг на реалното шоу во Лас Вегас. Дали ќе имаат можност да го остварат својот сон, со себе понесувајќи го ветувањето дека ќе го остават на страна старото ривалство и лојалноста и дека едноставно ќе се посветат на она што искрено го сакаат: танцувањето?
Шанкмен, кој својата кариера ја започна како танчер и професионално се занимавал со тоа пред да постане успешен кореограф, режисер и продуцент, сакал да сними филм за предизвиците на тој животен стил. „Истражуваме како е да бидеш особа која се обидува да успее во денешниот танцов свет, што е навистина тешко, а сето тоа го спакувавме во одлична забава. Ми беше од големо задоволство да можам да допрам до тешкотиите со кои секојдневно се среќаваат танчерите кои се обидуваат да остварат кариера како танчери, па затоа и овој филм е нешто поразлично и полично од претходните.“

Овој четврток ни пристига филмот на Џон Фавро „Готвач“.
Карл Каспер дава отказ од својата работа од еден ресторан во Лос Анџелес бидејќи таа ја спречувала неговата креативност. Тој се преселува во Мајами, се приклучува на неговата поранешна сопруга (Софија Вергара), неговиот пријател (Џон Легуицамо) и купуваат камион кој ќе го користат како мобилен ресторан. Карл одново се навраќа на своите корени откривајќи ја страста за кујна и ревност за живот и љубов.

You May Also Like