Утре (четврток, 17 јули) во 11:00 часот во Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола ќе се одржи работилница на тема „Со читање книга до најдобрата порака и личност“.
Во 12:00 часот во Малата сала на Центарот за култура ќе се одржи промоција на книгата „Во мое име“.
Двата настана се дел од Бит фест.