Театар Комедија ја почнува новата сезона со „Хамлет во пикантен сос“

Театар Комедија ја почнува новата сезона во четврток со претставата „Хамлет во пикантен сос“ …

hamlet-vo-pikanten-sos-1

Театар Комедија утре, 11 септември, ќе ја почне новата сезона со „Хамлет во пикантен сос“, претстава со која на 49. МТФ „Војдан Черодрински“ освои награда за најдобар млад актер – Атанас Атанасовски за улогата на Хамлет. Театарот соопшти дека ќе почне да го спроведува проектот на Владата за бесплатен влез за студенти во четврток.

– Со приложување индекс на билетарницата на театарот студентите ќе добијат бесплатен билет. Категоријата на лица до 27 години за која важеше попустот од 50 отсто, од оваа година е проширена и сега лица до 29 години ќе можат купат билет на половина цена, информира Театар Комедија.

You May Also Like