Српскиот автор Миљурко Вукадиновиќ е добитник на наградата „Книжевна далга“ за 2014 година што ја доделува Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга, во рамки на меѓународната манифестација Струшки книжевни средби.
Според жирито на манифестацијата, авторот Вукадиновиќ наградата ја добива за високи дострели во литературата и меѓународната соработка и развојот на пријателството и соработката на авторите од Србија и Македонија.
Миљурко Вукадиновиќ (1953) е поет, раскажувач, есеист, антологичар, преведувач, кој пишува на српски и на романски јазик и има објавено околу 70 дела на двата јазика. Добитник е на над 20 признанија за книжевната и преводувачката работа.
Наградата ќе му биде врачена на Струшките книжевни средби во јули оваа година, на поетски митинг што ќе се одржи во дворот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга.