Скопското астрономско друштво организира Воведен курс по астрономија

Скопското астрономско друштво Ви ја најавува својата следна активност, за која сметаме дека ќе побуди интерес кај сите наши читатели.

Од 25 март до 29 април Друштвото ќе одржи Воведен курс по асурономија. Курсот е наменет за сите возрасти и за негово следење не се потребни предзнаења. Темите кои ги обработува курсот се вклучени во учебници по астрономија: Сонце, Сончев систем, ѕвезди, закони во астрономијата, астрономски инструменти, координатни системи, космологија… Покрај предавањата во курсот се вклучени и посета на планеуариумот во Скпоје, теренско набљудување и обука за работа со телескопи, печатени материјали, како и опционен тест со чие успешно положување посетителите ќе добијат диплома.

Предавањата се одржуваат два пати неделно, понеделник и среда во 20 часот во просториите на Машинскиот факултет. Предвидени се вкупно 11 предавања.

За повеќе информации посетете го порталот www.astronomija.com.mk или пишете ни на kontakt@astronomija.com.mk.

You May Also Like