Клаудио Губитози директорот на Џифони, доби признание од Македонија

Министерката Канческа-Милевска му врачи благодарница на директорот на фестивалот „Џифони“, Клаудио Губитози за неговата голема посветеност во заложбите за продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Италија …

italijanski_ambasador_kanceska_milevska 640

Министерката Елизабета Канческа-Милевска вчера во резиденцијата на амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели присуствуваше на свечен прием по повод поддршката на брендот „Џифони“ во одржувањето на филмскиот фестивал за млади„ Џифони-Македонија“.

На приемот пред членовите на делегацијата од Италија и бројните гости, министерката Канческа-Милевска му врачи благодарница на директорот на фестивалот „Џифони“, Клаудио Губитози за неговата голема посветеност во заложбите за продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Италија.

Фестивалот „Џифони“ е еден од најреномираните филмски фестивали за млади во светот. Како дел од овој познат бренд во нашата земја, под мотото „Крстопат“, во тек е второто издание на фестивалот „Џифони-Македонија“.

Во рамките на фестивалот учествуваат 600 деца на возраст од 10 до 18 години од земјите во регионот, кои преку богатата програма, креативни работилници и дружење ја подигнат свеста за филмот.

You May Also Like