Вечерва (11. октомври), со почеток во 21 часот, во концептуалниот кафе-бар Concept 37 ќе биде отворена изложбата на плакати од долгата историја на Скопскиот џез фестивал.
Присутните ќе имаат прилика преку промотивниот материјал на Фестивалот да се запознаат со програмата и учесниците на претстојното издание, како и да ги погледаат на едно место најуспешните дизајни на фестивалските плакати. Настанот ќе биде збогатен со настап на квартетот на Тони Китановски со џез-пејачката и пијанистка Анета Качуркова.
Анета Качуркова – вокал, пијано
Тони Китановски – гитара
Кирил Туфекчиевски – контрабас
Дамјан Даневски – тапани.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите до завршувањето на Скопскиот џез-фестивал, 19 октомври.