Заврши турнирот во фудбал „8 Септември“

Со финалните натпревари за првите три места и официјално заврши традиционалниот Турнир во мал фудбал „8 – ми Септември“, што повеќе од еден месец се одржуваше на спортското игралиште во населбата Триангла, Општина Гази Баба.

turnir_vo_mal_fudbal_8-mi_septemvri_1

 

На финалниот натпревар за прво место, помеѓу екипите на „Кремисимо“ и „Андри Нико“,присуствуваа и градоначалничите на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски. Градоначалникот Трајановски по одигрувањето на финалните натпревари на победничката екипа Андρиниκо и го додели заслужениот пехар, како и медалите за второпласираната фудбалска екипа Κρемисимо, а третото место по одиграниот фудбалски натпревар се најде екипата на „СУК Импекс“.

Градоначалникот Трајановски ги поздрави присутните и им порача и на публиката и на учесниците на Турнирот и идната година во што поголем број да бидат дел од оваа спортска Манифестација, што традиционално се одржува по повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември.

За континуираната поддршка на овој турнир и спортот воопшто, организаторот на традиционалниот Турнир во мал фудбал „8 – ми Септември“ на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски му додели благодарница.

На турнирот „8 – ми Септември“ годинава учество земаа повеќе од 60 фудбалски екипи. Фудбалскиот турнир се одржува по 7-ти пат и е во организација на “БА-ТУ-ТА Скопје”, а финансиски е поддржан од страна на Град Скопје и Општина Гази Баба, додека медиумски покровител на Турнирот е Спортско радио 90,3.

You May Also Like