Денеска (недела, 12 мај) во Скопје се одржа 7 скопски маратон. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на најдобрите маратонци на Плоштадот Македонија, свечено им ги врачи медалите за најдобро истрчано време на патеката долга 42.195 км.
Најдобар меѓу машките натпреварувачи беше кенијецот Вајклиф Бивот (BIWOT Wycliffe Kipkorir), кој што го собори рекордот на патеката, на второто место е Елиша Кипротич Саве (SAWE Elisha Kiprotich) од Кенија, а трет на целта сонародникот Патрик Вамбугу (WAMBUGU Patrick Muchemi).
Во женска конкуренција првите три места им припаднаа на кенијките: Каролин Кипруто (KIPRUTO Caroline Jemeli), која што го собори рекордот на патеката во женска конкуренција со истрчано време од 2 часа и 47 минути и 31 секунда, второто место го освои Хелен Јепкосгеи (JEPKOSGEI Hellen Kimutai), а на трето место е Алина Нитулеаса (NITULEASA Alina).
Маратонската трка на 42.195 км стартуваше во 9 часот, право на учество имаа лица постари од 18 години, се трчаа два круга низ улиците на Скопје, а стартнината за оваа трка изнесува 500 денари.
На 7-от Скопски маратон, како и секоја година и оваа традиционално се трчаат уште 3 трки, полумаратонот на 21.097 метри, Хуманитарна трка на 5 000 метри и Детската трка Колгејт-Скопски мини маратон.
Во полумаратонската трка во машка конкуренција на првите три места се пласираа: Кристијан Стошиќ од Република Србија, на второто македонскиот полумаратонец Кокан Ајановски, а трет беше србинот Мирослав Марковиќ.
Право на учество во трката на 21.097 км – полумаратон, имаа лица постари од 16 години, се трчаше еден круг низ улиците на Скопје, а стартнината и за оваа трка изнесуваше 500 денари.
Во Хуманитарната трка на 5000 метри, најдобар меѓу мажите беше Илир Келези, втор на целта стигна Милош Ранчиќ, а трет стигна Иван Пешевски, а во женска конкуренција најдобрите три се Росица Костова, Ангела Димчевска и Маја Стојанова сите од Македонија. Оваа трка на 5 км – хуманитарна трка за рекреативци, е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 250 денари и 50 денари од секоја котизација ќе биде наменета за хуманитарни цели.
Во колгејт детски Мини Маратон на 500 метри (за основни училишта) најдобри тројца беа Павле Јовановски, Стефан Зографски и Муамед Шабан, а најдобри три беа Анеса Хајдари, Сефим Иљаз и Сара Коларовска. Прво пласираните добија награда велосипед, вторите-ролерки, а оние што на целта пристигнаа трети освоија професионални топки и пакет подароци од спонзорите на Скопскиот детски Мини Маратонот.
Годинава на улиците низ Скопје трчаа повеќе од 3 600 учесници од 36 земји, а околу 200 учесници ја трчаа маратонската трка, 600-тини се пријавија за полумаратон, над 3 000 лица учествуваа во трката на 5 км, додека пак 600 деца од 5 и 6 одделение учествуваа на Колгејт мини маратонот. Во Скопје пристигнаа 5 натпреварувачки од Кенија и неколку од Европа. Во машка конкуренција тројца Кенијци и тројца Унгарци, а во женска конкуренција за првото место се бореа две натпреварувачки од Кенија и две од Романија, една од Русија и една учесничка од Република Хрватска. На годинешниот Скопски маратон 2013 се пријавија и групи учесници коишто трчаат организирано како екипи/тимови и тоа од Словенија, Србија, Полска, Америка и од други земји.
На трката на 5 000 метри голем број компании и групи трчаа во тим билдинг трката (екипно натпреварување), а голем број од учесниците трчаа како дел од групата „Трчаме за подобар живот“. Во рамките на Скопскиот маратон Атлетската федерација на Македонија го одржа и Државното првенство во маратон.
Наградниот фонд и годинава останува ист како и минатата и изнесува 10.500 евра. Мерењето на времето се реализираше со тагови/чипови,и секој што ја заврши маратонската или полумаратонската трка на целта доби медал. Во организацијата беа вклучени и голем број волонтери (околу 400 лица) како и сите Јавни претпријатија од Град Скопје. Покровители на Скопскиот маратон 2013-та се Град Скопје, Мисијата на Европската унија во Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Повеќе информации тука: