Виолинистот Никита Борисов-Глебски на Охридско лето

Вечер (понеделник, 6 август, 2012 година) во 21:00 часот во црквата Света Софија, во рамките на Охридско лето, гостува уште едно звучно име од руската виoлинистичка школа- Никита Борисо-Глебски во пијано придружба на Милош Поповиќ од Белгија.На програмата се дела на Јоханес Брамс и Клод Дебиси.

Никита Борисов-Глебски е еден од највпечатливите руски виолинисти на денешницата. Дипломецот на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва во класите на професорите Едуард Грач и Татјана Беркул е резидент-артист на Chapelle Musicale Reaine Elizabeth во Белгија, додека од 2007 година е ексклузивец на Московското филхармониско здружение. Борисов-Глебски стекна меѓународна слава по победата на меѓународните натпревари по виолина „Јан Сибелиус“ и „Фриц Крајслер“ во 2010 година. Во текот на својата досегашна кариера е награден со највисоки признанија на престижни музички натпревари како „Чајковски“, „Queen Elizabeth Competition“ и натпреварот за музика во Монтреал.
Концентрирал со бројни руски и европски оркестри, а редовно настапува на најголемите фестивали во Европа и пошироко. Во 2009 година му беше доделена специјалната награда – Виолинист на годината на Фондацијата „Маја Плисецкаја и Родион Шчедрин“.
Милош Поповиќ на 11 години ја освојува Втората награда на натпреварот за млади пијанисти „Артур Рубинштајн“ во Париз, а потоа на 12-годишна возраст и Првата награда на натпреварот. Има освојувано награди на конкурси во Србија, Австрија и Италија. Врз неговото музичко образование огромна улога одигра средбата со пијанистот Евгениј Могулиевски. Тој се запишува на Кралскиот конзерваториум во Белгија, а дипломира на „Queen Elizabeth College of music“ во Белгија. Во 2004 станува лауреат на Белгиската фондација на млади солисти, а во 2008 се стекнува со Втората награда на меѓународниот натпревар „Guiliano Pecar“ во Италија.

You May Also Like