Инфаркт меч, кој до 2-3 минути до крајот беше целосно неизвесен, заврши со голема победа за Македонија. Во салата Чаир во Ниш, пред 5000-ната громогласна публика, Македонија ја совлада Чешка со 27-21.
Натпревар за паметење. Постојано менување на водството, крајно неизвесно, утакмица во која Македонија за нијанса доминираше. Високите Чеси не натераа здраво да се намачиме за секој гол, додек тие на почетокот лесно стигаа до нашата мрежа.
На полувреме отидовме со егал, 12-12. Второто полувреме приказна за себе. Почнавме фуриозно, успеавме да се одвоиме на плус два, и така беше наредните дваесетина минути. Ние постојано во водство, Чесите зад петици, ни дишеа во врат.
Последните десет минути разлика се зголемуваше, Чесите беа се по нервозни, нашите нивната брзоплетост брзо ја материјализираа, и направија победата да биде многу поубедлива од она што вистински на теренот се случуваше. За играч на натпреварот беше прогласен брилијантниот Филип Миркуловски, кој во второто полувреме беше најважната карика во составот на Шундовски.
Чешка – Македонија 21-27 (12-12)
ЧЕШКА: Штол (7 одбрани), Ноцр 2, Витек, Врани 4, Кубеш, Мотл, Јиха 5, Филип 4, Собол, Хорак 5, Гулија, Јуричек, Штелик 1, Хинек, Скленак
МАКЕДОНИЈА: Ристовски (10 одбрани), Манасков 2, Стоилов 2, Алушовски 2, К.Лазаров 7, Митков, Јоноски, Ангеловски 2, Темелков 4, Миркуловски 5, Марковски, З. Мојсоски, Н.Мојсовски 3, Димовски, Ангелов, Ф.Лазаров