Канческа-Милевска вечерва ја отвора „Фрагменти – македонска ликовна сцена 1991-2011” во МСУ

Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска вечерва (вторник, 6 септември 2011 година) со почеток во 19:00 часот во Музејот на современата уметност, ќе се обрати на свеченото отворање на изложбата „Фрагменти – македонска ликовна сцена 1991-2011”.

Прегледот на домашната ликовна сцена е направен преку 37 дела од 40 автори од различни генерации. Голем дел од авторите се афирмирани имиња и во странство и ја претставуваат македонската ликовна уметност на многубројни меѓународни манифестации.

Оваа изложба е дел од програмата за одбележување на 20 години независна и суверена Република Македонија.

You May Also Like