Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, утре (петок, 8.2.2013 година) ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово.
Во рамките на посетата ќе оствари средба со министерот за култура, млади и спорт на Република Косово Мемли Красниќи со кого ќе потпише Договор за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово.
За време на посетата Канческа-Милевска ќе се сретне и со вицепремиерката Едита Тахири задолжена за надворешна политика и за национална безбедност на Косово.