Балетот „Врати“ во МОБ

Утре (9 февруари, сабота) со почеток во 20:00 часот, на малата сцена во МОБ ќе се изведе модерниот балет „Врати“ во кореографија на Олга Панго.

Музика: Џенгиз Ибрахим
Режија и либрето: Наташа Поплавска
Сценографија и видео дизајн: Емил Петров
Костимографија: Марија Пупучевска

Играат:

Марија Јосифовска Ристовска
Драган Кочовски
Билјана Пашариковска
Маја Митровска
Лиле Миленковска Гленски
Марина Ѓеоргиевска
Стефан Кочевски
Агим Бафтии

 

Синопсис:

Во едно соседтство се вселува нов потстанар, девојка. Сопственичката на становите ја покажува собата. Комшиите ја гледаат новата подстанарка. Полека таа се запознава со нив еден по еден. Еден сосед ја вика на кафе, друг ја прашува нешто, па сака да види како и е по дома и со што се се занимава, трет ја поканува на прослава. Почнуваат да живеат еден идиличен живот на соседство. Одвреме на време ги гледаме животите на другите станари. Се покажуваат нивните проблеми. Заплетот се случува кога во соседството се развива забранета љубов помеѓу новата подстанарка и еден од соседите кој е во брак. Во моментот кога нивната љубов ќе биде откриена од сопругата на вљубениот се случува кулминација на претставата. По откривањето на вистината, новата подстанарка решава да си замине од соседството оставајќи ја својата љубов.

 

You May Also Like