Триесет и деветтото издание на Младиот отворен театар ќе започне со изведбата на Оф-Бродвејската кантата „Ла МаМа“, проектот што Елизабет Свадос и го посвети на легендарната Елен Стјуарт, нејзината страст, дух и визија и со претстава што пред сè ја слави индивидуалноста.
Осуммина актери и пејачи ќе ја доловат филозофијата на славниот алтернативен театар „Ла мама“, кој постои повеќе од половина век.
Режисер и композитор на претставата е Елизабет Свадос. Американските уметници во 2012 година со „Ла мама кантата“ ги посетија Србија и Хрватска, а по настапот во Скопје, ќе патуваат во Турција.
Фестивалот на публиктаа ќе и’ донесе десет странски претстави и седум од македонска продукција, а ќе понуди и неколку работилници. Ќе гостуваат театри од Италија, Велика Британија, Белгија, Kосово, Мексико, Хрватска и од Словенија