Друштвото на ликовни уметници на Македонија од оваа година на Ревијалната годишна изложба ја воведе наградата од публика насловена “Никола Иванов Балтон“, оформена во чест на драгиот пријател и колега, со што неговото име ќе остане симбол на Друштвото.
За ова признание одлучи публиката преку 30 дневно гласање по електронски пат и во канцеларијата на ДЛУМ.
Уметничкиот совет на ДЛУМ согласно сите прегледани гласови донесе соопштение дека наградата ќе биде доделена на Душан Георгиевски. Роден во Скопје, 1964 Дипломирал на Факултретот за ликовни уметности 1996 година. Досега неговите многубројни самостојни изложувања се на релација Македонија-Кувајт поради неговиот тамошен долгогодишен престој.