Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во галерискиот простор при Домот на Армијата утре (четврток, 10 април) во 20:00 часот ќе се отвори изложбата „Слава на буквите“ на српскиот академски уметник Зоран Илиќ.
Ова е негово деветнаесето по ред самостојно претставување. Станува збор за дела од неговиот најнов циклус „Слава на буквите“, кој го работи во последниве неколку години. Зоран Илиќ 1985 година завршува Факултет за применети уметности во Белград. Работи како доцент на Факултетот за уметности во Приштина и како професор на Факултетот за уметности во Ниш.
На интернационалниот конкурс ART 95 во Њујорк избран е во селекција на TOP 70 WINNERS EXHIBITION.