Истражувања на нова базилика од ранохристијански период во Хераклеја

Продолжуваат истражувањата на локалитетот Хераклеја Линкестис крај Битола каде се вршат истражувања на нова базилика од ранохристијански период …

Herakleja-mozaik-bazilika-01

На археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола продолжуваат со археолошките истражувања на новата базилика од ранохристијански период.

Станува збор за трикорабна базилика чија впечатлива архитектонска градба го потврдува значењето на овој мошне развиен епископски центар од ранохристијанскиот период.  Освен маркантните димензии,  при ископувањето на базиликата во изминатите фази на археолошките истражувања беше откриен и раскошен мозаик со богати геометриски мотиви како и други архитектонски елементи. На источниот дел од локалитетот беше ископана уште една апсида во чија архитектонска конструкција се чувале свети  мошти и која претставува материјален доказ за светоста на местото.

Поради реткоста и реперезентативноста на ваквите објекти,  но и поради фактот што нудат изобилството на информации,  во наредниот период е  предвидено детално доистражување на овој простор.

 

You May Also Like