И оваа сезона stand-up comedy во Џубокс

Новата сезона stand-up comedy во Џубокс веќе започна. По првите настапи од овој тип одржани во кабаре клубот Џубокс во април минатата година, интересот за stand-up комедијата се прошири и во други клубови низ Скопје и Македонија.

Оваа сезона се отвори со настап на интернет сензацијата Марјан Ѓорѓиевски, а се продолжува со нов лик во Џубокс, младиот актер Никола Тодороски од Охрид кој мразот веќе го скрши со настапи во родниот град. По Никола на 16 ноември, повторно ќе може да го видиме неговиот колега Марјан на 23 ноември, а следи Сашко Коцев на 30 ноември.

Единствена жена на сцената на Џубокс до сега била Весна Бејби Петрушевска. Сите потенцијални комичари и идни stand-up ѕвезди може да се обратат во Џубокс каде ќе добијат шанса да го добијат својот прв аплауз, а вратите се отворени и за неактери и немажи.

Настапите почнуваат во 22 часот, а по stand-up комедијата гостите ги забавуваат одличните Eye Cue и Леа.

You May Also Like