Истекува рокот за пријавување на „Фотомедиа“

Останати се уште 10 дена до крајниот рок за пријавување на биеналето на уметничка фотографија Фотомедиа 2014. Фотомодеиа ги повикува сите фотографи најдоцна до 15.септември да испратат свои фотографии за учество на оваа престижна манифестација.

foto aparat camera

 

Организаторите велат: „Фотомедиа не е само уште една изложба. Фотомедиа растеше низ годините, за да се етаблира во познато име меѓу цунамито на дигитални натпревари, како една од ретките изложби каде се праќаат принтови. Изложба каде што се цени авторството, а жирито комуницира во живо. Затоа на Фотомедиа пристигнуваат некои од најдобрите дела за дадениот период, од сите делови на светот.

* Краен рок за прием на фотографии: 15ти Септември, 2014

(фотографиите можете да ги испратите на адресата наведена во правилата за учество или да ги донесете во ФК Елема секој понеделник помеѓу 20:30 и 22:00 часот. Електротехнички факултет, барака 3, задниот дел)

* Жирирање: 20ти Септември, 2014 во Чифте Амам, почеток во 10:30 часот

* Котизација: Членови на ФСМ бесплатно, останати државјани на Р.Македонија – 300 ден“ – се наведува во информацијата од Фотомедиа.

You May Also Like