Исидора Бјелица на 8 април во 18 часот, ќе биде специјален гостин на Издавачки центар ТРИ за Саемот на книгата.
Писател, драматург, колумнист, модна икона, дизајнер, глобтротер, сестран уметник, скандал-мајстор, кралица на есктравагантноста, оваа фасцинантна појава на светската сцена доаѓа во Скопје. Лице в лице, најславната српска писателка, која после 60 напишани книги, продадени 200.000 примероци само од последната книга „Спас“, планетарна слава, безброј насловни страници и интервјуа, конечно ќе ù се претстави на македонската публика!
Ова гостување е многу повеќе од само промоција на Спас. Тоа е споделување на најинтимната и најболната тајна, на патешествието, страдањето и исцелувањето. На средбата со смртта и на одлучноста да не се предаде. На душевниот аџилак и на аџилакот низ светот за да се најде спасоносниот лек. И конечно, да се сподели тајната на оздравувањето.
Поделена во два дела, Спас е интимна книга која низ лична призма ни го раскажува најпрво соочувањето со неизбежноста на смртта, наоѓањето на личниот спокој и помирувањето, но и тврдоглавото непопуштање и одлучноста да се бориш за сопствениот живот. Првиот дел е длабоко лична исповед, во прво лице, искрена, емотивна, разголувачка, но и полна со заразен хумор и самоиронија. Запис на еден човек кој соочен со можниот крај, го преиспитува својот живот и своите слабости, за да ја најде силата и непокорноста токму во себе. Решеност да се земе субдината во своите раце и да се оди ако треба и до крајот на светот, ама да не се предадеш. Ни покажува до каде ќе отиде човек за да се спаси себеси: преку Париз, Флорида, Индија, Шри Ланка, па сè до чудесниот остров Егин, домот на Св. Нектариј, православниот светец, исцелител на незилечливите болести.
Како човек да ја спаси својата душа и своето тело? Вториот дел од книгата ги содржи најголемите тајни на маjсторите на традиционалната медицина од Истокот и Западот, практични совети за исхрана, алтернативна и ориентална медицина, збир од рецепти и трикови како да се подобри сопственото здравје, да се прочисти организмот, да се одбрани од стресот и да се хармонизираат телото и духот.