Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски присуствуваше на промоцијата на проектот за означување на културните и природните знаменитости во руралните средини на територија на општината со поставување на 11 информативни табли.
Општина Гази Баба го реализираше овој проект со подршка на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 1,404,276.00 денари а фирма изведувач на работите беше Адра од Скопје
Ознаките се поставени на јавни површини во непосредна близина на локалитетите,без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот.
Основната цел на овие ознаки е исклучиво за остварување на јавен интерес, наменети се да овозможат брз сервис и услуги за достапност на информациите за граѓаните.