За неполни 2 седмици Народниот театар од Битола има две мошне значајни гостувања.
Со претставата „Иванов“ Битолскиот театар беше во Ростов на Дон во Русија, а деновиве со „Хенри 6 “ е во Пекинг Кина.
Гостување на Мини Фест 13-ти по ред Меѓународен Младински Театар од Ростов на Дон во Русија. Претставата Иванов се играше во грандиозно здание – стара италијанска градба изградена пред повеќе од 100 години. Гостуваа театарски групи од Русија, Литванија, Холандија, израел и Грузија и секако нашиот театар.Претставата беше одиграна пред преполна сала на 9 октомври 2014
Екипата од претставата “Хенри VI“ вчера замина за Пекинг, Кина .
Ќе се изведат 2 претстави на 18 и 19 октомври на Шестиот по ред Интернационален Фестивал на театарски класици во Пекинг. Организатор на овој Фестивал е Националниот театар на Кина . Учество ќе земат театри од Америка, Сеул, Германија.
Ова е и воедно продолжување на соработката со Националниот театар од Кина, како и возвратна посета . Имено во 2013 год. овој театар настапи на Битола Шекспир Фестивал во Хераклеја со претставата „Ричард III “