„Илинденски етно фест 2014“ во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во Дељадровци …
Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на општина Илинден-2 Август, вечер во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓија“ во Дељадровци ќе се одржи „Илинденски етно фест 2014“, фестивал на традиционални македонски песни со нови аранжмани.
Фестивалот е дел од централната манифестација по повод Денот на општина Илинден. На фестивалската сцена ќе се претстават Виолета Томовска, Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Атина Апостолова, Ванчо Тарабунов, Ани Малинкова, Мишко Талески, Анета Наковска, Даниела Темелковска, Мишко Крстевски, Марјан Коцев, Алекса Димов, Сашо Ливрински, групата Соната, Боби Анде и Дејан Теодосиевски.
Годинава општина Илинден одбележува 18-годишен јубилеј од своето постоење.