Во склоп на Саемот на книгата во Скопје, издавачките куќи Готен, Темплум и Блесок, во партнерство со мрежата за превод Традуки организираат богата промотивна програма. Гостуваат четворица автори од странство, чии дела на македонски се преведени од споменатите издавачки куќи со подршка на Традуки.
Ренато Баретиќ од Сплит, чиј роман „Хотел гранд“ го издаде Блесок. Добитникот на националната награда за кратка проза на Словенија, „Фабула“, Душан Чатер, ќе дојде, во рамките на промоцијата на книгата „Џенехем“, во издание на Темплум. Од Темплум во брзо време ја најавуваат и втората книга на Чатер, „Ата е повторно пијан“. Од Србија гостува Саша Илиќ, кој исто така годинава ќе издаде две книги во Македонија: „Берлинско окно“ кај Готен, и „Падот на Колумбија“ кај Темплум.
Идејата на заедничката програма и на подршката од мрежата Традуки е да се збогати промотивниот аспект на саемот и да се искористат неговите потенцијали тој со тек на време да стане не само единствена продажна, ами и врвна културна манифестација, каде што контактот меѓу читателите и писателите ќе биде понагласено остварен преку промотивните содржини.
На саемот со свој промотивен штанд ќе се претстави и Традуки, каде што читателите ќе можат да ги видат книгите што во земјава се издадоа со подршката добиена од овој фонд, но и ќе се запознаат со активностите и програмите на фондот и нивното присуство во регионот.