Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (среда, 15.5.2013 година) во 12:00 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се обрати на отворањето на изложбата „Во заштита на културното наследство“ од Историскиот музеј на Царината на Азербејџан.
Изложбата, на која ќе бидат презентирани вредни артефакти од културното наследство на Азербејџан, досега е претставена во Ватикан, Женева и во Стразбур.