Изложба (DE)FRAMED 8.2 во Галерија 8

Факултетот за Арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје ја организира групната изложба (DE) FRAMED 8.2. Изложбата ќе се оддржи во вторник 22 април 2014 во 20:00 во Галерија 8. Коорганизатор на настанот е ДЛУМ.

deframed_pokana

На изложбата учествуваат студентите: Душица Симовска, Симона Илиева, Тина Виторовиќ, Андреа Петровска, Елмедина Ибиши, Нина Вучиниќ, Далибор Смилески и Мартин Стојмировски. Селекцијата на делата ги изврши асс. м-р Благојче Наумоски.

Изложбата ќе ја отвори деканот на факултетот Вон. Проф. м-р Јана Манева – Чупоска.

Во информацијата за изложбата се вели: „Во овој проект студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскот универзитет од Скопје својата досегашна академска работа по предметот сликање решија да ја конципираат во една групна изложба во која се вклопени креативното наспроти инвентивното, апстрактното наспроти реалното, концептот наспроти визуелната претстава и.т.н.

Самите студенти акумулираа и пренесуваа креативна енергија, така што едногодишната конструктивност ја оформуваме со изложба во која што можат да се видат повеќе дела работени во најразлични сликарски техники од акварел, пастел, темпера до маслена и акрилна техника на платно.

Ќе се запознаете со преобразбите на просторноста како и на самата форма која што се наоѓа како централен дел од композициите, потоа умешноста на студентите со сликарските техники како и ослободувањето од стегите на академскиот реализам и создавање свој креативен ликовен печат.

Да се задржи моментот е невозможно, но да се замрзне и да се украде барем дел од него, т.е да се визуелизира е една од можностите која ќе ја искусите. Реалното, апстрактното, метафизичкото се важен сегмент на оваа изложба и каде што меѓусебно функционираат и се надполнуваат.“

You May Also Like