Foolish Green со live видео за „Sun is gone“

Откако во декември 2012 го претставија новогодишниот сингл „Лајка“ (достапен за бесплатно превземање тука) како прв дел од новиот албум, Foolish Green на „јутјуб“ каналот го објавуваат и своето прво live видео за песната „Sun is gone“.

Непосредно пред објавувањето на првиот албум „ Escape“, Foolish Green премиерно ви го претставува и видео спотот за кои се искористени материјалите од нивниот одличен настап на „ПИН“ музичката конференција која се одржа во ноември 2012, во рамките на „Таксират 14“. „Sun is gone“ е песна која бендот ја објави на истоименуваното ЕП-издание во јуни 2012, а ќе се најде и помеѓу 12те композиции кои ќе ги претстави деби албумот „Escape“.

Овој млад алтернативен состав, кој се појави како неочекувано и пријатно изненадување на домашната сцена, својот прв лонг-плеј албум, едно од ретките изданија од ваков тип на музички правци на нашите простори,  ќе го објави кон крајот на февруари. Групата ја најавува и концертната промоција на новиот албум, која ќе се одржи на 15ти март во МКЦ – Скопје.
Во меѓувреме, сите љубители на делото на Foolish Green… уживајте!

FOOLISH GREEN:
Ненад Стефановски (вокал, гитара, продукција)
Нико Гаврилов (гитара, металофон)
Давор Стојановски (гитара)
Стефан Пехчевски (клавијатури)
Теодор Бошков (бас гитара)
Стефан Дамјаноски (тапани).

You May Also Like