Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, по повод одбележување на 70 години од унгарскиот холокауст ја отвораат изложбата на документирана фотографија под наслов „Слики – спомени- незаборавни судбини од XX-от век“ .
Изложбата ќе биде отворена утре (петок, 20 јуни 2014 година) во 11 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Изложбата ќе ја отвори амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н. Е. Д-р Јожеф Бенце.