Наградени најдобрите скопски матуранти

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска (19 јуни 2014, четврток), во Драмски театар, во рамките на традиционалната манифестација „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на најдобрите 24 матуранти –првенци на генерација 2010/2014 година од 21 средно училиште, им додели признанија и парични награди.

prviot_so_najdobrite_2014

 

-Почитувани првенци на генерацијата 2009/2013 година во четиригодишното образование и првенци од генерацијата 2009/2012 година во тригодишното образование – вие со своите успеси и постигнувања се афирмиравте себе, Вашите училишта но, и нас граѓаните на Градот Скопје и на Републиката. Праксата покажува дека секој млад човек, кој бил првенец на својата генерација гради успешна иднина и достигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Вие веќе сте ја осознале најголемата вредност и потврда за човековиот развој, а тоа е учењето и знаењето. Најважниот мотив и инспирација за создавање и творење во животот произлегува од задоволството кое го наоѓаме во учењето и работата, во резултатите од нив, како и во значењето на тие резултати за нас и општеството. Ценам дека најважната задача на секоја образовна институција е кај Вас учениците да ги развиваат и јакнат благородните творечки и креативни сили. Тоа е патот до најголемиот дар и признание што човек може да го поседува, а тоа е знаењето. Сакам да истакнам дека Градот Скопје преку овој проект и слични на него, ќе настојува да даде дополнителен поттик за натпреварите во знаење, да ги мотивира идните генерации да се стремат кон повисоки образовни цели и училишни постигнувања. Наша обврска е да ги приближиме резултатите од воспитно-образовната работа на училиштата до пошироката јавност и да ја поттикнеме целата училишна заедница за учество во натпревари на знаења и промоција на сопствените резултати. Најблагородно нешто што човекот може да го поседува е знаењето. Вредноста на знаењето е преголема и бесценета. Драги првенци на генерација, сега кога го заокруживте средното образование, Ви посакувам со себе да ги понесете најубавите спомени од средношколските денови, и да продолжите понатаму со нови сили, да придонесувате за развојот на нашето општество, бидејќи Вие сте нашата иднина. Богатството на Р. Македонија е во огромните творечки потенцијали на Вас младите. Вооедно посакувам да имате убав и забавен летен одмор и вистински да се одморите, истакна градоначалникот Трајановски.

Добитници на наградите и признанијaта се: Кристијан Ристоски од СУГС „Здравко Цветковски“, Ирина Стефановска од СУГС „Марија Кири-Склодовска“, Глигор Мицајков од СУГС „Јосип Броз-Тито“, Сара Урошевска од СУГС „Кочо Рацин“, Ева Палчевска од СУГС „Георги Димитров“, Ана Јаневска од СУГС „Браќа Миладиновци“, Ибрахим Љокмани од СУГС „Боро Петрушевски“, Габриела Стефановска од СУГС „Никола Карев“,Ненад Велјановски од СУГС „Михајло Пупин“, Бранкица Ангелковска од СУГС „Панче Арсовски“, Јовица Тодоров од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, Нада Божиновска од СУГС „Орце Николов“, Арбен Османи од СУГС „Зеф Љуш Марку“, Анита Антиќ од СУГС „Арсени Јовков“, Даниел Вангелов од СУГС „Лазар Танев“, Светомир Герасимовски од СУГС „Лазар Танев“, Јована Крстевска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Живко Јанев од СУГС „Владо Тасевски“, Христина Давидовска од СУГС „Димитар Влахов“, Баки Бајрами од СУГС „Цветан Димов“, Славче Спасовски од СУГС „8 Септември“, Бесир Нуредини од СУГС „8 Септември“ и Александар Линин од СУГС „Васил Антевски-Дрен“.

Во името на добитниците на признанија се обрати првенецот Живко Јанев од СУГС „Владо Тасевски“.

– Му благодарам на градоначалникот Трајановски што го препозна квалитетот во нас и што преку оваа манифестација ни овозможи посебно внимание. Изразувам благодарност и до сите професори и директори на средните училишта, што не водеа низ светот на знаењето, но и на нашите родители за трпението и поддршката во текот на изминативе четири години. Секој млад човек треба да верува во себе и во својата цел и тогаш успехот е сигурен, рече Јанев.

Во рамки на оваа манифестација, а во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје, во четвртокот, 05.06.2014 година, за првенците на генерација и за ученици матуранти коишто покажале успеси во текот на школувањето, се реализираше и традиционалната еднодневна наградна екскурзија „По стапките на творците на градот“. Градот Скопје со реализацијата на оваа екскурзија сака да ги награди најтрудољубивите и најуспешните, а воедно и да им овозможи на матурантите преку посета на спомениците на историското културно наследство, запознавање со богатата историја и традиција на мултиетничкиот соживот и едно несекојдневно дружење со своите врсници.

You May Also Like