Изложба „Најдоброто од Македонија“ во Матица ексклузив

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска (18 септември, четврток) во 12:00 часот ќе биде отворена заедничка изложба на седумнаесет истакнати македонски сликари од сите генерации.

izlozba_najdobroto_od_makedonija

 

Со свои дела се претставуваат Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Симон Шемов, Ниче Василев, Паскал Гилевски, Новица Трајковски, Стефан Хаџи-Николов, Димитар Малиданов, Драги Хаџи-Николов, Доне Миљаноски, Методија Николовски, Боро Митриќески и Илија Аџиевски.Изложбата ќе ја отвори Раде Силјан.
Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници

За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 18 октомври.

You May Also Like