Здружението Археологика ја организира изложбата на работни археолошки фотографии “Archaeology in progress – Vol.2” што ќе биде отворена на 19 септември во 19:00 часот.
Отворањето на изложбата ќе биде во Неолитското село на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, а ќе биде отворена викендите до крајот на септември.
Изложбата е финансирана од Министерството за култура, а поддржана од Археолошкиот музеј на Македонија.