Еден германски вљубеник во ласерското оружје, направил прв „испукувач на мрежа“, инспириран од стриповите и филмовите за Спајдермен …
Патрик Прибе, кој повеќепати пробувал да направи реални верзии на оружјето на суперхеројот, направил уред кој се става на зглобот на раката и испукува некој вид течна „мрежа“.
Уредот има три копчиња – за полнење, да ја насочи целта и испукување, а се придвижува само на една литиум-полимерска батерија.
Прибе, кој работи како лабораториски техничар вели дека ваквите уреди ги прави од забава.
– Сакам научна фантастика и некогаш не ми е доволно да ги гледам ваквите уреди само на екран, вели тој.
Прибе, меѓутоа, вели дека не планира прави пари со својот изум.
