Изложба на Стевчо Наумоски во Охрид

Денеска (петок, 8 август) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложба на фотографии на Стевчо Наумоски „Пулс на животот“.

stevce_naumoski

Самостојна изложба на диптих фотографии кои претставуваат човечко пулсирање низ своите животни циклуси, на една страна, наспроти четирите елементи кои се во сржта на сепостоењето, од друга страна.

Инспириран од жената/човекот, нејзините животни зими и циклуси кои не само го менуваат нејзиното животно пулсирање, туку и наборите на младото тело кое старее; таа/жената/човекот станува немирна, се бранува како езерото, тлее како жарчиња што чекаат да станат оган, ветрот ги гаси или засилува, слично како животните бури на човекот. Целата идеја за едно вака споредено пулсирање влече корени од повеќе филозофии кои зборуваат за класичните елементи, меѓу кои особено јапонската.

Прозна интерпретација ќе има Мерсиха Исмајлоска.

You May Also Like