Сесил Лупан е родена во 1955 година, во Белгија. Станува актерка и 5 години настапува на белгиската сцена, каде има голем успех. Во 1981 г. се сели во САД, каде почнува да се занимава со курсеви за актерско мајсторство.
Во исто време е мајка и се запознава со методот на Глен Доман. Таа почнува да ги применува методите врз своите деца, но ги адаптира на свој начин. За разлика од Доман, кој работи со многу деца и нема можност да проникне во нивниот душевен свет, Сесил работи само со своите деца и се труди да им предаде занења што тие ги бараат и во време кога ќе ги изберат.
Таа нема работено во градинка, едноставно го адаптирала методот на Доман, со многу љубов и внимание, со индивидуален пристап. Сесил Лупан, на пример, многу од ливчињата на Доман(есенции за информација) ги прикажува на децата не изолирано или несврзано, туку групно со логични врски помеѓу.
Таа измислува забавни песни, за да им биде поинтересно и лесно помтењето на информацијата. Таа ги остава ливчињата на Доман, децата слободно да ги разгледаат и ако имаат прашања- објаснува, раскажува приказни, пее песнички. Како резултат на таа адаптација, методот на Глен Доман, е многу полесен и ориентиран кои интересите на конкретно дете.
Освен тоа Сесил оделува многу внимание, за часови по пливање. Составува цела програма за часови по историја, географија, уметност, музика и други области. Нејзиното искуство е пренесено во книгата „Поверувај во своето дете“.
Индивидуалноста пред се’
Според Сесил Лупан, детето има потреба од секојдневни вежби, зошто ќе ја изгуби желбата да учи. Основно се прави неделна програма. Во неа се зацртани сите вежби, но не е грешка родителот да се придржува строго кон неа. Ако нешто од програмата не е исполнето, тоа секогаш може да се надокнади.
Сесил уште советува дека никогаш не треба да се заборави дека децата имаат срце и душа. Тие многу често задаваат прашања, а родителот треба да најде време и внимателно да одговара, на секое од нив. Детето не треба да има чувство дека на родителот му е досадно, да му одговара. Освен тоа треба да се остави само да се занимава со творечки активности… и со се од што има интерес. Преголемата грижа може да го задуши творечкиот дух, а постојаната родителска помош при цртање на пример, може да ги наруши границите на лично самоизградување.
Сесил уште советува, да го научиме детето да го цени мислењето на другите, да се однесуваме со разбирање и смиреност кон другите, со различни погледи од нашите, колку и да не се прифатливи за нас. Затоа внимавајте што зборувате пред децата, никогаш не зборувајте лошо за друг човек пред нив.
Отворено изразете ги емоциите кон децата, гушкајте го, бакнувајте го…децата кои знаат дека се сакани, се развиваат побрзо, се стремат да научат повеќе.
Припремил: Л.Ѓ.