Саем на француски студии

Француската влада преку Француската амбасада, секоја година доделува одреден број стипендии на македонските студенти за постдипломски студии во Франција.

 

knigi_kup

Одделот за високо образование Кампус Франс при Францускиот институт во Скопје, организира Саем на студии во Франција, кој ќе се одржи во понеделник, 10 ноември 2014, од 10:00 до 18:00 часот во Домот на АРМ, на кој, покрај информациите за  можностите за студирање и процедурите за упис, ќе можат да се добијат информации и околу сите програми за стипендии.

Со оглед на тоа дека учениците, студентите и наставниот кадар  од Македонија можат да ги користат европските програми за стипендии Еразмус+, а Француските универзитети и други француски образовни институции се многу активни во оваа програма, во рамките на саемот во 11:30 часот ќе одржи панел дискусија на тема “Универзитетска размена, мобилност : зошто, за кого, како?”

*   *   *

Француската влада преку Француската амбасада, секоја година доделува одреден број стипендии на македонските студенти за постдипломски студии во Франција. Годинава, доделени се вкупно седум стипендии од оваа редовна програма.

Седум македонски студенти  ја имаат можноста во оваа учебна година да студираат  со стипендија од француската влада на различни универзитети и на француските специјализирани, елитни  високи школи. Се работи за студии на ниво Мастер во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.

Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.

You May Also Like