Изложба на Регионалниот историскиот музеј од Русе на Бит фест

Денеска (петок, 22 август) во 21:00 часот во Магазата ќе биде отворена изложба на Регионалниот историски музеј Русе, Р. Бугарија со наслов „Жените во општеството“.

izlozba_istroriski_muzej_ruse_bit_fest

Автори на изложбата се Доц. Др. Николај Ненов, Десислава Тихолова Кустос во одделот етнографија
Организација : НУ Завод и музеј Битола,
Координатор: Наде Геневска Брачиќ, етнолог – кустос советник

Изложбата “ Жените во општеството“ на Регионалниот историски музеј од Русе, Р. Бугарија, претставува осврт кон улогата и местото на жената во општеството и ја разработува темата за жената која покренува прашања во повеќето светски култури, но и обидите на жените да ги надминат границите на јавното мислење што ги врзува со домот и семејството.
Во оваа изложба се прави пресек низ различни периоди и сегменти да се проследи местото и улогата на жените во општеството и тоа: во преродбата, во модерноста, модата – новата мода “Шантеклер“, бугарски модерн, победата на “социјализмот “, кино и пол, постмодерност, на границите на вековите и жените и рекламата.
Сегментот за модата претставен е на кукли во костими во периодот од деветнаесетиот век до современоста во модели сошиени според експонати од колекцијата на музејот во Русе.

You May Also Like